Откако ќе ја пополните вашата пријава, ќе ви биде доделен уникатен код наречен „клуч за пријава“. Запишете го вашиот клуч за пријава и лозинката и чувајте ги на сигурно место. По 5-6 работни дена, употребете го вашиот клуч за пријава и лозинката за да ја проверите вашата пријава за повратни информации или прашања.
Joyson Safety Systems е организација со силни вредности на одговорност и интегритет. Нашата политика за корпоративна усогласеност и кодекс на деловно однесување содржи општи напатствија за водење бизнис со највисоки етички стандарди.
Joyson Safety Systems е посветена на средина каде отворените и чесни комуникации се очекување, а не исклучок. Ние сакаме да се чувствувате удобно кога ќе му пристапите на вашиот контролор или управа во случаи кога верувате дека настанале прекршувања на политиките, стандардите или законот.
Во ситуации каде претпочитате да поднесете анонимна пријава во доверба, ве охрабруваме да ја користите оваа директна линија, одржувана од трета страна давател на услуги на директна телефонска линија, EthicsPoint. Ве охрабруваме да поднесете пријави кои се однесуваат на прекршоци наведени во нашата политика за корпоративна усогласеност и кодекс на деловно однесување, исто како и другите грижи кои се однесуваат на прекршување на политиката на компанијата, стандардите или законот. Информациите што ќе ги обезбедите ќе ни бидат испратени од страна на EthicsPoint врз основа на целосна доверливост и анонимност ако така изберете. Ви гарантираме дека вашите коментари ќе бидат слушнати.
Погледнете ги ЧПП за EthicsPoint за повеќе информации.