ВНИМАНИЕ! Оваа веб-страница е поставена на безбедни сервери на EthicsPoint и не претставува дел од веб-сајтот или интранет мрежата на Universal Corporation.

Контролен преглед на пријава

Откако ќе ја пополните вашата пријава, ќе ви биде доделен уникатен код наречен „клуч за пријава“. Запишете го вашиот клуч за пријавата и лозинката и чувајте ги на безбедно место бидејќи NAVEX не може повторно да ви ги врати ако ги изгубите. По 5-6 работни дена, употребете го клучот за пријавата и лозинката да ја проверите пријавата за повратни информации или прашања.

ПРАВИЛНИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН

Интегритет, етика, транспарентност – тоа се само зборови. Поточно, тоа се само зборови сè додека компанијата не се посвети да ги направи неоттуѓив дел од нејзиното деловно постапување. Во Универзал, таа посветеност е навлезена во нашето делување на секое ниво, секој ден. Од ублажување ризици до детално запазување на законите и регулативите, усогласеноста вградена во нашата ДНК е видлива во нашите обиди за ублажување ризици, етичките процеси на донесување одлуки и политиките за корпоративно управување. Поради тоа што управата на Универзал ревносно верува дека да се направи она што е правилно на правилниот начин е единствениот начин да се делува. Тоа е она што го прават лидерите.

Интегритетот со кој се однесуваме во работата, е основата на оддржувањето на нашиот статус на лидер во индустријата. Тоа им го должиме на нашите клиенти, на нашите заедници, на нашите акционери, како и едни на други. Сите имаме клучна улога во ова, и Универзал смета на Вас.

Нашиот Кодекс на однесување поставува високи етички стандарди кои нè водат. Водење на деловна дејност во согласност со високи етички стандарди е правилно, и исто така е добар бизнис. Кога станува збор за етика и интегритет, ние во Универзал имаме три примарни цели: 1) да работиме со интегритет; 2) да склучуваме деловни зделки со интегритет; и 3) да управува со информации и со капитал со интегритет. Кога ги постигнуваме овие цели, ја правиме Универзал компанијата која што заслужува да биде.

Сите имаме обврска да пријавиме можни прекршувања, за да може да се земе предвид однесувањето и за да може Универзал да одговори на ситуацијата и да преземе соодветни мерки.

Никој во семејството Универзал нема да преземе негативни мерки кон било кое лице кое дало вистинити податоци за прекршување на закон или политика на Универзал. Универзал нема да толерира осветување против личности кои поставуваат прашања или добронамерно пријавуваат можни прекршувања. Било кој што ќе се одмаздува или ќе се обиде да се одмазди ќе биде дисциплиниран.

Хотлајнот за усогласување е достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата и на Вашиот локален јазик. Телефонските повици и онлајн пријавите ги добива независна организација: EthicsPoint. Целта е да Ви се овозможи безбедно и искрено да ги искомуницирате проблемите или грижите поврзани со неетички или нелегални активности, а притоа да ја задржите вашата анонимност и доверливост.

Секој извештај се слуша, по него се делува и се пријавува до Корпоративната комисијата за усогласеност. За нас хотлајнот е многу сериозна работа и се надеваме дека ќе биде и за Вас. Ако видите нешто, Ве молиме да го пријавите за да можеме да работиме заедно да го спречиме.